Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше во посета на детската градинка „25 Мај“- објектот „Пони“ во населбата Хиподром каде што вчера заедно со директорката на дечињата им поделија летни обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од Општина Гази Баба.
-Оваа донација ја реализираме за децата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда.Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките – велат од Општина Гази Баба.