По пауза од многу години, легендарниот шпански фудбалер, Серхио Рамос, повторно ќе го облече дресот на матичниот клуб, Севилја. Централниот дефанзивец на почетокот од летниот преоден рок стави крај на соработката со францускиот гигант ПСЖ и во Андалузија се враќа како слободен игра. Во изминатите неколку недели најголем интерес за неговите услуги покажуваа клубовите од Саудиска Арабија.