Лепа Лукиќ ја обожава својата мачка Маза: „Синко, кажи на мајка што сакаш?“

477

Мене маж за староста не ми треба, доста ми е од нив. Ниту материјално ниту емотивно зависам од нив. Ништо од тоа. Само мојата мачка Маза ми го исполнува секојдневието. Кога ѝ се спие, одиме во спалната, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека заедно да заспиеме. Цела ноќ е мирна

Лепа Лукиќ, кралицата на песната, онаа убавата, стара, српска, изворна, народна, деновиве сосема ја збуни јавноста поради напишаниот тестамент. Не дека се простува Лепа од овоземскиот живот туку сака да му го остави своето огромно материјално богатство на својот внук Радисав.

Но, за да добие од тетка Лепа два стана, голема куќа, многу заштедени девизи и скап накит, Радисав или Раде мора да исполни само еден услов.

– Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мојата мачка. Секако доколку јас починам пред неа. Радисав треба да се грижи за мојата љубов, за мојата Маза. Ќе треба да ја гали пред спиење, да ѝ ги потпевнува моите песни. Мора и да ја бакнува, да ја прашува дали ѝ е удобно во креветот, да внимава да не настине, редовно да ја храни со здрава храна, да ја носи на ветеринар. Сето тоа стои во документот, кој го чува мојот адвокат – изјави самоуверено славната пејачка Лепа Лукиќ.

Таа објаснува дека Маза е чудо од мачка.

– Јас ја гледам како мое дете од 2011 година. Затоа морам да сум сигурна дека Раде вистински ќе се грижи за неа, да знам дека таа ќе биде на сигурно место кога ќе заминам еден ден на оној свет.

Лепа обожава да зборува со часови за својата мачка.

– Маза е многу умно животно, дури е поумна и од мене. Никогаш не се качува на масата додека јадам, како што прават вообичаено другите мачки. Маза ги има своите пелети. На нејзиното „мјау“, јас нежно ја прашувам: „Синко, кажи на мајка што сакаш?“ Веднаш ја разбирам. Потоа одиме заедно до местото каде што е нејзината чинија со храна и таму ѝ ги истурам пелетите да јаде.

Кога ѝ се спие, одиме во спалната, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека заедно да заспиеме. Цела ноќ е мирна, не станува сè додека не станам. Да живеев сама, без Маза, ќе полудев досега. Мене маж за староста не ми треба, доста ми е од нив. Ниту материјално ниту емотивно зависам од нив. Ништо од тоа.

Само животно, во случајот мојата мачка Маза, ми го исполнува секојдневието. Јас ја обожавам. Кога сум далеку од дома, комуницирам со неа преку Вибер. Ми го слуша гласот, ме препознава и долго по трипати мјаука. Така што апсолутно никогаш не сум сама. Со мене е секогаш мојата мачка Маза – вели радосно популарната пејачка.    Д.М. foto>arhiva-FB/Instagram