Несекојдневно, а емотивно ! Многу популарната Лепа Брена, која неодамна престојуваше во нашето Скопје, кажа дека наскоро подготвува спектакуларен концерт во Софија, Бугарија, на спортскиот стадион „Левски’, па токму тоа и се случи. Пејачката пред некој ден пееше пред преполн стадион и се сети на она поминато време кое не се враќа, но, за среќа, преку трочасовниот концерт успеа на некој начин да се повтори.
„Софија, Бугарија, стадион „Левски“, извика Лепа Брена, понесена со многу емоции. „Како да пеам за вас без сеќавањата да не ми се враќаат. Сите тие убави и прекрасни моменти кои станаа историја од моето концертно шоу, од мојот деловен живот. Преку песна ја одбележав мојата приврзаност со сите вас овде во Софија.
–
–
Лепа Брена не издржа па солзите ја дотепаа. Таа и буквално се расплака додека ја пееше својата позната песна „Ја немам други дом…осим дома у срцу твом“. Лицето го покри со едната рака. Но, притоа на сцената ја утеши нејзината гостинка, пејачката Драгана Мирковиќ, која силно ја прегрна Лепа Брена, продолжувајќи да ја пее песната и притоа да и ги брише солзите. Плачеше и цел стадион!
– Толкав наплив на емоции на едно место не памтиме дека имаме видено на некој концерт во Софија, коментираа бугарските новинари кои инаку, и за Лепа Брена и за Драгана напишаа само најубави зборови, воодушевени од нивниот настап. Овие две пејачки се со децении едни од најпопуларните во Бугарија, а нивните песни и ден-денес се слушаат на бугарските радиостаници и се пеат на тамошните прослави. Д.М.