Лепа Брена за својата бедна младост: Сирота јас, јадев само леб, паштета и јогурт – Треба да ја жалиме?

765

64-годишната Лепа Брена е денес една од финансиски најбогатите личности на естрадната сцена. Често знае, којзнае од кои причини, да раскажува за оние години кога била прилично сиромашна. Животот воопшто не и беше бајка. – Во тој период тешко врзував крај со крај бидејќи животот во голем град за мене беше скап. Не можев да си ги исполнам некои студентски желби, на пример, да одам на екскурзија со колегите. Јадев само леб, паштета и јогурт, а ако сакав нешто слатко, тогаш ќе додадев бел шеќер. Меѓутоа грижниот татко правеше се, неговата ќерка да не се чувствува дека е сиромашна. Тогаш таа имаше само 22 години.

– Благодарение на татко ми се заљубив во медицината, но тој факултет ни беше прескап. Затоа решив да се запишам на туризам на Природно-математичкиот факултет во Белград, вели сега богатата пејачка.

Бидејќи повеќе не можела да ја издржи сиромаштијата, таа се врати во родното Брчко.

– Стоев на автобуската станица тажна и очајна. Небото беше сиво со мрачни облаци. Почна да врне, а автобус немаше на повидок. Едно мало кученце дојде до мене, ме погледна тажно и се стутка пред моите нозе. Гром удри, се чинеше дека нешто ми се расчисти во главата. Решив да ја земам судбината во свои раце.  Отидов во станот да се пресоблечам, го зедов куферот и се вратив во моето Брчко.