Американскиот велосипедист Ленс Армстронг, кој влезе во историјата на спортот како најодликуваниот спортист кому му биле одземени сите најголеми награди, откри како мамел.
Во поткастот на Били Махер, тој призна дека користел супстанци што остануваат во телото кратко време за да не може да бидат откриени.
Затоа беше „чист“ на речиси секоја допинг контрола во текот на кариерата.
Седумкратниот шампион на Тур де Франс детално објасни како избегнувал да биде откриен во текот на кариерата.
- Во извесна смисла, вие го изгрувате системот, но она што отсекогаш го кажував е: „Сум бил тестиран 500 пати и никогаш не сум паднал на допинг контрола“. Тоа не е лага. Вистина е. Немаше начин да се избегне лупата. Кога уринирав во шишето, ја анализираа урината и така беше секогаш. Целата вистина е дека некои од супстанците што ги користев, особено оние што беа најдобри подобрувачи на перформансите, кратко се задржуваа во телото. Одредени супстанции, без разлика дали станува збор за анаболен или за канабис, многу подолго се задржуваат во телото. На пример, може да пушите џоинт, па да седнете и да возите трактор. За две недели ќе бидете позитивни на марихуана, бидејќи таа подолго се задржува во телото. Со ЕПО (синтетичка верзија на хормонот еритропоетин), кој беше како ракетно гориво и кој го промени не само нашиот спорт туку и сите спортови каде што се бараат сила и издржливост, беше поинаку, беше тешко да се открие бидејќи не останува во телото долго време – кажа Американецот.
За несаканите ефекти од супстанцата што ја земал, Ленс рече:
- Не сакам да охрабрувам никого да прави нешто што не мора да го прави. Вистината е дека сте зеле допинг, незабележлив, исклучително корисен за перформансите и за закрепнувањето. Бидејќи нè наведе да веруваме, со што не се согласувам, дека ако се земе под медицински надзор, безбедно е.