Легендите живеат тие не умираат….со песните на Тоше, Есма, Зафир, Пепи, Јонче….во “Македонска филхармонија“

4004

На 4 октомври! Во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи второто издание на одличниот концерт „Легендите живеат вечно“. Со многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза.Затоа при рака нека ви се најдат марамчињата.

Тоа е всушност носталгичен концерт кој ќе биде посветен на оние кои прерано физички си заминаа од овој свет, а се со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Сите нивни преубави песни или како пејачи или како автори.

Тие песни кои станаа евергрини ќе ги пеат: Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и многу други пејачи, во придружба на камерен оркестар кој ќе направи дополнително вечерта да биде волшебна.

Ќе се потсетиме на песните кои ги пееше нашиот ангел Тоше Проески, ќе ги пееме песните од рокерот со нежна поетична душа Влатко Илиевски, а секако дека нема да ги заборавиме и великаните на музиката: Есма Реџепова, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Драган Каранфиловски-Бојс, како и уште десетина други македонски ѕвезди во вистинска смисла на зборот.