По убиството на жена во Штип од страна на нејзиниот партнер, партијата Левица побара од Министерството за правда да иницира измени на Кривичниот законик во како што велат од партијата запирање на овој монструозен хаос поради кој жените се обесхрабруваат да пријават семејно насилство.
,,Потребни се мали измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет,, предлагаат од Левица
Според партијата убиството на 29-годишната штипјанка е последица на низа насилства од страна на осомничениот за убиство којшто и претходно бил пријавуван пред надлежните институции, но бидејќи жртвата го повлекувала предлогот – постапките запирале и насилникот останал неказнет, кој на крај станал убиец
,,Токму тоа го покажуваат и анализите – само 2% на насилство се пријавува кај надлежните институции, а и оној мал број на пријави не завршуваат соодветно, поради повлекување на предлогот од страна на жената-жртва на насилство и запирање на постапката,, соопштуваат од Левица