Лева ќе збесне кога ќе дознае кој ќе биде новиот напаѓач на Барса

2688
epa11171121 Barcelona’s forward Robert Lewandowski (L) in action during the UEFA Champions League Round of 16, 1st leg soccer match SSC Napoli vs FC Barcelona at Diego Armando Maradona stadium in Naples, Italy, 21 February 2024. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Роберт Левандовски има договор со Барселона до летото 2026 година со опција за продолжување на уште една година, а искусниот напаѓач нема намера во скоро време да го менува клубот.

Полскиот интернационалец одлично ја отвори сезоната, но очигледно е дека е во пад на формата, исто како и целиот тим на Барса. Поради ова се појавија информации дека ниту местото на Лева веќе не е толку сигурно, а Каталонците се почесто размислуваат за доведување на уште еден напаѓач.

Иако досега на 23 натпревари постигна 23 гола, на Левандовски тоа не му е доволно за да биде прв напаѓач и следната сезона.

Иако има статус на стандарден првотимец под водството на новиот тренер Ханси Флик, „Мундо Депортиво“ пишува дека Жоан Лапорта и Деко имаат за цел да му дадат силна конкуренција на Левандовски.

Во Барселона веруваат дека им треба помлад напаѓач бидејќи Левандовски веќе има 36 години и затоа размислуваат и за иднината.

„Мундо Депортиво“ наведува дека следното лето Барса ќе се обиде да го доведе Маркус Турам од Интер, кого го следат веќе некое време и сметаат дека францускиот напаѓач би бил идеалното решение за тимот на Флик.

Сепак, трансферот на Турам нема да биде лесен доколку Барса не ги реши финансиските проблеми бидејќи Интер за него бара околу 70 милиони евра.

Турам веќе изрази желба да дојде во Барселона преку својот агент и не сака да ја пропушти можноста да заигра за каталонскиот гигант.

Овој 27-годишен фудбалер има договор со Интер до летото 2028 година, а може да замине само доколку Барселона плати 70 милиони евра за него.