Дома КОШАРКА Леброн ќе почека за враќање на терен

Леброн ќе почека за враќање на терен

43

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, се уште се рехабилитира од повредата, со која се здоби пред речиси три недели. Тој последниот меч го одигра за католичкиот Божиќ, кога на мечот против Голден стејт се повреди и пропушти осум натпревари на својата екипа.

Лејкерс од тогаш паднаа на табелата во Западната конференција, откако запишаа три победи и пет порази, па сега се на осмата позиција.

Натпреварот во гости против Јута требаше да биде денот кога ќе се врати „кралот“, но такво нешто нема да се случи. Тоа го потврди и тренерот Лук Волтон, кој најави враќање на Леброн за наредниот месец.

Леброн сезона постигнува по 27,3 поени, 8,3 скокови и 7,1 асистенција по натпревар.