Леброн Џејмс се подготвува за новата сезона во НБА лигата и потенцијалниот напад на Лос Анџелес Лејкерс на фамозниот прстен, но легендарниот кошаркар откри дека лесно можел да го промени спортот доколку сакал да го направи тоа. Тој откри дека еднаш имал две сериозни понуди да игра во НФЛ лигата.
Тоа можело да се случи во 2011 година, кога НБА беше во „нокдаун“ дури 161 ден, од јули до декември, поради што доцнеше целата сезона.
Ѕвездата на Лејкерс пред неколку дена гостуваше во емисија на „ЕСПН“, каде откри дека во 2011 година бил баран од Сиетл Сихокс и Далас Каубојс. Џејмс дури потврди дека сериозно размислувал да се пресели од НБА во НФЛ.
- Тоа е вистина. Сопственикот на Каубојс, Џери Џонс ми понуди договор. Исто така, тренерот на Сихокс, Пит Керол, за време на НБА кога беше одложена, започна Леброн, па додаде:
- Тоа сигурно ми го подигна пулсот и размислував да играм американски фудбал, знаете, да бидам таму секоја недела… Се уште ги имам дресовите што ми ги испратија Џери и Пит Керол во 2011 година.
Инаку, Леброн во средношколските денови играл американски фудбал, а воедно бил избран во најдобриот државен тим играјќи на позицијата крилен напаѓач.