Ол – стар натпреварот во НБА лигата ќе се одржи на 17 февруари во Шарлот, а по првиот дел од гласањето имаме навистина интересни резултати. Навивачите во изборот можат да гласаат за два бека, како и три кошаркари кои играат на позициите од три до пет.
Засега, најмногу гласови има еден од најдоминантните кошаркари во моментов, Леброн Џејмс. Тој до сега доби над милион гласови или вкупно 1.083.363. Зад него следува играчит на Милвоки, Јанис Адетокумбо со 991.561, додека трет е Кари Ирвинг 910.329 гласови.
На врвот исто така е и Лука Дончиќ и Дерик Роуз. Лука е втор, зад Леброн, кога во прашање се стартерите на високите позиции со 680.000 гласови, а потоа следува Кевин Дурант со 20.000 помалку од младиот Словенец.
Од бековите на Западот, Стеф Кари доби нешто повеќе од 795.000 гласови, а потоа следува Дерик Роуз со 700.000, кој можеме повторно да го видиме на Ол – стар меч по пауза од седум години.
Во Источната конференција засега Гркот е недопирлив, а за позицијата „пет“ уште конкурираат Каваи Леонард и Џоел Ембид. Што се однесува до бековските позиции на Истокот, Ирвинг убедливо води со 910.000 гласови, а зад него е легендарниот Двен Вејд со 410.000 гласови.
Евидентно е дека ќе биде интересно да се види како ќе се одвива гласањето, а речиси сигурно Лука Дончиќ ќе биде дел од првиот Ол – стар натпревар за него и тоа во дебитантската сезона.
Што се однесува до форматот, челниците на НБА одлучија и оваа година да биде исто како и минатата. Пет стартери се бираат од двете конференции (два бека, три високи), а остатокот од екипата ќе го бираат капитените во Источната и Западната конференција. Капитени ќе бидат играчите кои добиваат најголем број на гласови, а по избраните стартери кои ќе играат со нив, ќе бидат избрани и играчи кои ќе добијат шанса од клупа. Покрај мечот, ке има и натпревар во забивање, меч на млади надежи во НБА лигата, натпревар во атрактивни поени….
НБА резултати: Сан Антонио – Торонто 125:107, Сакраменто – Денвер 113:117, Голден стејт – Хјустон 134:135 (по прод.).