Трофејниот холандски стручњак, Луј ван Гал, го привлече вниманието на фудбалската јавност со контроверзната изјава дека СП во Катар било наместено со една единствена цел – Лео Меси да ја освои титулата што му недостигаше во кариерата.
- Не сакам многу да зборувам на таа тема. Само погледнете како Аргентина стигнуваше до голови како ние се мачевме да дадеме гол против нив… Аргентинците во бројни ситуации ги газеа правилата и не беа санкционирани. Од сегашна перспектива, јасно ми е дека се било со умисла… стојам зад тоа. Се беше направено за Меси да стане светски шампион. Тоа е мојот став, изјави Ван Гал.