„Лајтшоу“ ноќеска над Скопје/ФОТО

105
Фото: Ѕ.Плавевски

Под влијание на влажен бран од вчера вечерта пристигна променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Ноќеска дуваше силен северен ветер, што услови значително намалување на дневната температура претежно за пет до десет степени.

Времето од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоистокот ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до 10 степени.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо време.