Лајм: Миле Јанакиески претепан во затворот Шутка?

40

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.