Небото над Лас Вегас синоќа сјаеше од новогодишниот огномет кој траеше осум минути, а жителите и туристите прославуваа со звуците на Лејди Гага, Селин Дион и Гвен Стефани.
Градот во Новата година влезе со огномет и ритмот на песните Luck Be a Lady од Френк Синатра, All night long од Лајонел Ричи и I drove all night во изведба на Селин Дион.
Во прославата на новогодишната ноќ беа вложени повеќе од 400 милиони долари, а безбедноста беше на високо ниво откако во 2017 година вооружен маж на музички фестивал уби 58 лица.