Лапорте наследник на Пике

88

Каталонскиот гигант Барселона не се откажува од намерата да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Емерик Лапорте. Централниот дефанзивец не крие дека сака да се врати во Ла Лига, но раководните лица на популарните „граѓани“ испратија јасна порака дека централниот дефанзивец е достапен само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. евра.