Лапорта збесна поради планот на Флик и Рапфиња

1910
epa10056748 FC Barcelona's President Joan Laporta reacts during the presentation of the Danish defender Andreas Bodtker Christensen (not pictured) as new player of the FC Barcelona at Sant Joan Despi Sports Center of Barcelona, Catalonia, Spain, 07 July 2022. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Изминатата сабота Реал (М) одигра 3:3 на гостувањето кај Рајо Ваљекано, а Барселона доби шанса со триумф на домашен терен против Леганес повторно да се одвои на табелата. Не само што не победи, Барса не постигна ниту гол и не освои ниту бод. Сосема неочекувано, Леганес дојде до трите бода со погодокот кој го постигна во 4 минута.

Ова беше втор последователен пораз на Барса на домашен терен, а од можни 18 освоија само пет бода на последните шест првенствени натпревари.

Во екот на резултатската криза, Ханси Флик, тренерот на Барса, донесе контроверзна одлука откако разговараше со капитенот Рафиња.

По разочарувачкиот резултат против Леганес, Флик им даде два дена одмор на играчите, што е изненадувачки гест по интензивниот обем на работа во последните недели.

Сепак, оваа одлука на Германецот не беше добро прифатена во некои сектори во клубот. Жоан Лапорта, претседателот на Барса, го изрази своето незадоволство од ваквата одлука. Тој смета дека е клучно сите да се фокусираат на надминувањето на кризата во Ла Лига, и на претстојниот натпревар со Атлетико Мадрид кој е во одлична форма.

Според извори блиски до соблекувалната, германскиот тренер приватно разговарал со бразилскиот интернационалец по натпреварот против Леганес. Рапфиња побарал пауза за да ја врати свежината во тимот кој очигледно го мачат повреди и замор.

Се чини дека Флик им даде важност на овие зборови и реши да ја заштити својата група пред клучниот дуел против Атлетико следната сабота. Овој натпревар не само што ќе биде клучен за шампионските аспирации на Барса, туку и за самодовербата на тимот кој покажа знаци на истрошеност.

ИЗДВОЕНИ