Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на калчо гигантот Интер подготвуваат официјална понуда за францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Александре Лаказет.
Поранешниот напаѓач на Олимпик од Лион сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони и затоа планира да ја промени средината за време на летниот преоден рок. Големата желба на Интер ќе стане реалност само доколку понудата за Лаказет не биде помала од 60 мил. евра.