Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, иако беше најдобар во неговиот тим Нант во дуелот со Мотор Запорожје во Лигата на шампионите, на крајот мораше да се помири со поразот од 32:31.

Нант подобро го отвори мечот, но сепак гостите се вратија и на полувреме се замина со резултат 18:18. И вториот дел помина во исто темпо, а гостите подобро се снајдоа во финишот што беше доволно за конечен триумф.

Лазаров овој натпревар го заврши со шест гола, со што беше најефикасен во својот тим.