Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат два натпревари против Естонија, дома на 6 ноември од 20:00 часот и гостување во Литванија четири дена подоцна во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

За овие натпревари селекторот Кирил  Лазаров во конечниот список не го смести голманот Никола Митревски кој сега е само резерва. Предност добија голманите на Алкалоид, Марко Кизиќ и Иван Галевски, како и Мартин Томовски од Потсдам, кој е единствениот на списокот кој не настапува во македонското првенство, бидејќи на списокот го нема и ракометарот на Бенфика, Филип Талески.

Собирот се закажува за 3 ноември 2024 година (недела) со почеток во 14.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.

Ракометната Федерација на Македонија за натпреварот со Естонија ги пушти во продажба и билетите.  Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.