Лавров за ситуацијата во Косово: ЌЕ СЕ СЛУЧИ ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЕВРОПА!

373
EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Ситуацијата околу последната ескалација на конфликтот меѓу Србија и Косово е алармантна, а се чини дека ќе се случи „голема експлозија“ во центарот на Европа, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Голема експлозија се подготвува во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година, НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ, кои уште еднаш нагласуваат дека ова што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение“, рече Лавров.

Тој оцени дека кога се зборува за Европа, потребно е да се обезбеди „еднаква и неделива“ безбедност за сите земји, што би значело дека ниту еден блок, па, како што рече, дури ни НАТО, нема право да бара доминација во тој дел од светот.

Во петокот косовската полиција упадна во зградите на четири општини на северот на Косово – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, користејќи солзавец, чадни и шок-бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории.

Српските вооружени сили се ставени на највисоко ниво на борбена готовност, и се целосно распоредени на линијата на разграничување.