Кoкошка на гевгеличанецот Лазар снесе јајце со сонцето од Кутлеш

61

Вчера, на првиот ден од новата 2019 година, гевгеличанецот Лазар Трајанов пронашол снесено јајце од неговата кокошка на кое е отсликано сонцето од Кутлеш. Лазар бил изненаден од обликот и симболот на јајцето. Инаку, Трајанов одгледува дваесеттина кокошки и вели дека до сега никогаш претходно не пронашол вакво јајце. . Производителите на јајца, оваа појава ја сметаат за природен феномен, но веруваат дека е предзнак за среќа и благосостојба.