Кучето на Бајден исфрлено од Белата куќа бидејќи каснало агенти на Тајната служба

87
EPA-EFE/Yuri Gripas

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, Командер, кој повеќе пати касна членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друга локација.

Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на една вработена неодамна и била потребна лекарска помош откако била нападната и касната од двегодишниот германски овчар, пренесува Скај њуз.

Елизабет Александар, портпаролката на првата дама Џил Бајден, потврди дека кучето моментално не е во комплексот на Белата куќа и додаде дека „се проценуваат следните чекори“.

Таа истакна дека Бајденови длабоко се грижат за безбедноста на нивниот персонал и на сите други кои ги штитат секој ден.

„Тие остануваат благодарни за трпението и поддршката на американската тајна служба и продолжуваат да работат на решенија“, рече Александар, додавајќи дека Белата куќа може да биде „стресна средина за домашните миленици“.