Поголемиот дел од француските медиуми се убедени дека италијанскиот калчо гигант Интер ќе излезе како победник во трката по потписот на офанзивниот бек од редовите на ПСЖ, Левин Курзава.
Поранешниот фудбалер на Монако не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и планира да си замине од Париз на крајот од сезоната. Доколку се пресели на „Џузепе Меаца“ за време на летниот преоден рок повремениот репрезентативец на Франција ќе си обезбеди годишна плата од 3 мил. евра.