Кукли симулираа екипаж: Вселенската капсула Орион безбедно се врати на Земјата

221

По вселенското патување без екипаж околу Месечината, вселенската капсула Орион на американската вселенска агенција (НАСА) денеска прелета низ атмосферата на Земјата и безбедно слета во Тихиот Океан.

Во пресрет на 50-годишнината од мисијата Аполо 11 и слетувањето на првиот човечки екипаж на Месечината, заврши воведната мисија на лунарната програма на НАСА „Артемис“, пренесува Ројтерс.

Капсулата Орион, испратена на вселенско патување со симулиран екипаж од три кукли опремени со сензори, безбедно слета во 9:40 часот по локално време, во мексиканските територијални води во близина на полуостровот Долна Калифорнија.

Враќањето на Орион беше успешен тест кој требаше да покаже како во иднина астронаутите ќе се враќаат од вселенските летови до Месечината.