Вториот стрелец во македонската репрезентација на дуелот против Словенија, на ЕП во Унгарија и Словачка, Филип Кузмановски, истакна дека жали за неуспехот затоа што техничките грешки го одлучиле победникот.

-Имавме доста технички грешки, но до крај се боревме и покрај тоа што го немавме Кире Лазаров во тимот. Самите сме си виновни што загубивме. Сепак, не треба да очајуваме, ни следат уште два натпревари, во кои верувам дека ќе ги поправиме техничките грешки. Детали ни фалеа на овој натпревар. Ми се допадна оваа Македонија. Нема простор за разочарување, ни следи нов натпревар в сабота, изјави Кузмановски.

Следниот натпревар за Македонија е на 15 јануари против селекцијата на Црна Гора (18:00), додека Словенија во истиот ден ја чека дерби-пресметка со главниот фаворит за тронот Данска (20:30).