Куба се приклучува на БРИКС како земја партнер

29

Куба се приклучува на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на таа карипска земја, Мигел Дијаз-Канел.

„Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер… Пет писма и голема надеж за земјите од Југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, порамноправен и одржлив меѓународен поредок“, напиша претседателот на Куба на платформата X.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

Според боливискиот претседател Луис Арсе, овој статус го добила и неговата земја.

БРИКС е меѓудржавно здружение основано во 2006 година, а Русија го презеде претседателството со асоцијацијата на 1 јануари 2024 година.