Кубанскиот борач Михаин Лопес Нуњес го освои златниот медал во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил на Олимписките игри во Париз, победувајќи го Чилеанецот Јасмани Акоста Фернандес со 6:0.

На тој начин, Лопес го освои петтото олимписко злато во кариерата, откако беше најдобар во категоријата до 120 килограми во Пекинг и во Лондон, а во категоријата до 130 килограми во Рио де Жанеиро и во Токио.

Тој стана првиот олимпиец во историјата што освоил пет златни медали во иста дисциплина.

По финалниот натпревар, 41-годишниот Кубанец ги собу патиките, со што најави повлекување од спортот по шестите Олимписки игри.

Во категоријата до 130 килограми, бронзени медали освоија Кинезот Линже со победата против Абделатиф Мохамед од Египет (5:2) и Иранецот Амин Мирзазадех, кој беше подобар од борачот од Азербејџан, Сабах Салех Шаријати, со 4:0.