Некои веруваат дека станува збор за траги од богови, додека други овие траги во Намбија ги поврзуваат со вонземскиот живот. Иако локалните жители сè уште ги нарекуваат “кругови на смртта“ и не смеат да им се приближат, овој афрички феномен кој со децении ги збунува научниците во светот, познат е под името “вилински кругови“.
„Вилински кругови“ се нарекуваат правилните, голи површини на тлото опкружени со плочи кои се прекриени со тревни растенија. Пречникот на овие кругови се движи од два до 15 метри. Невообичаените безживотните кругови исчезнуваат по неколку децении. Помалите кругови во просек траат 24 години, а поголемите и до 75 години.
Нивното постоење во Намбија на научниците им е познато уште од 1970-те години кога поголем дел од приврзаниците на теориите за заговор ги поврзаа со НЛО, но научниците претставиле неколку серозни хипотези за нивното постоење. Иако се забележани и во Австралија, тие во Намбија се многу поголеми, опколени со висока трева и раширени во еднакви размери.
Најпознатата легенда на домородното племе во Африка вели дека круговите ги прави Змеј, кој живее длабоко под земјината кора. Неговиот огнен здив, создава меури и ја пали целата вегетација на површината. Поради ова верување домородците не сакаат ни да се приближат до вилинските кругови – се плашат дека истиот момент ќе изгорат.
Научниците и лаиците шпекулирале дека тие се остатоци од некогашни метеори, места каде зебрите се фрлаат по земјата. токсини од билката еурорбија, магнетизам или други енергетски полиња, па дури и локализирани радиоактивни места.
До неодамна се сметало дека мистеријата е решена бидејќи германскиот биолог Норберт Јиргенс од Универзитетот во Хамбург објавил истражување во кое наведува дека овие необични појави се резултат на “екоинженеринг“ т.е. термити psammotermes allocerus. Во текот на истражувањето тој ги пронашол овие видови на термити во повеќе од 80 отсто на круговите, како и во сите кругови кои настанале во поново време.
Се претпоставува дека настануваат кога термитите се хранат со трева од површината и како што заедницата во овој изолиран екосистем расте така бројот на круговите се зголемува.
Иако тезата делува рационално, неговиот труд го осудиле многу други научници кои исто така се занимаваат со овој феномен на вилински кругови. Тие велат дека Јиргенс ги помешал причината и последицата и дека термитите ги населиле круговите подоцна.
„Појавата на такви примероци во природата е многу необична. Овде постои нешто многу силно, истакнал Стефан Гецин од Истражувачкиот центар за животна средина од Лајпциг.