Познатите кроксици, кои многумина уште ги сметаат за најгрдите влечки во светот, добија соодветен додаток – чанта која се носи преку рамото.
“Кроксици” ги шокираа многумина во моментот кога почнаа да се носат надвор од дворот. И не само тоа, тие се појавија на модните писти и станаа многу популарни. Потоа добија камчиња и крзно како украси, што не ги спречи многумина и понатаму да ги нарекуваат најсреќни влечки во светот. А сега имаме на располагање и ташничка што се согласува со нив.
Брендот Pizzaslime направи чанти од “кроксици”, а засега се достапни само во жолта и црна боја.
На пазарот се наоѓа и ограничено издание од 25 парчиња, торбичката чини 300 долари и е наменета за оние кои се доволно храбри и луди за да го носат овој тренд.
Се разбира, мислењата за оваа модна егзибиција се поделени – додека едните се воодушевени од оваа иновативна идеја, другите велат дека тоа е “нешто најлошо што го виделе во животот”. Останува да видиме дали торбичката ќе стане популарна како и влечките?