Полицијата во Загреб уапси двајца мажи кои преку курирска служба шверцувале поголемо количество кокаин натопено во платнени чаршафи од Колумбија во Хрватска.
Поголемо количество кокаин од непознати лица и на непознат начин купил 43-годишен маж од Колумбија, кој двата пакета со вкупно 26 парчиња платнени чаршафи натопени во раствор од кокаин ги преземал на улицата Гундулиќева во Загреб.
Кокаинот бил прошверцуван во Хрватска преку редовна курирска служба, соопшти полицијата.
Истрагата утврдила дека 43-годишниот маж и една година помладиот осомничен набавиле коноп и кокаин кои ги сокриле во стан во Загреб со цел производство и препродажба. Тие со уред за емитување светлина создале услови за вештачко одгледување на коноп и потоа го препродадвале.
Полицајците во лабораторијата пронашле и 38 парчиња засадени стебленца, 1.723 грама коноп, 830 грама смола, осум грама кокаин и две дигитални ваги.