Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансанд ја доживеа истата судбина на Шлагалсе, Ичако, Кометал Ѓорче Петров, Валенција, Алборг…

Раководството на довчерашниот учесник во ЛШ преку својата клупска страна соопшти дека клубот не успеал да најде два милиони евра, односно не успеал да обезбеди финансиска иднина, по што прогласи банкрот.

Многу ни е жал што сега стоиме на оваа раскрсница и свесни сме дека оваа одлука влијае на многумина, членови на персоналот, играчите, партнерите, а најмногу на фановите кои беа постојано со нас во нашите подеми и падови. Би сакале да ја искористиме можноста да се заблагоадариме за непроценливата поддршка и посветеност што ни ја покажаа фановите, стои во дел од сопштението на норвешкиот тим, кој беше европски шампион во 2021, 2022 и 2023 година.