Крилото на Африм Гаши од „Беса“ стана „Алтернатива“

193

Крилото на „Беса“ предводено од Африм Гаши се преименува во „Алтернатива“. На централното собрание одлучиле да се повлечат од судскиот спор околу името на партијата, односно за тоа кој е вистинскиот наследник на „Беса“. Од „Алтернатива“ најавија дека правната битка ќе продолжи низ други институции.

Внатрепартиските несогласувања во „Беса“ почнаа по последните локални избори поради незадоволство од изборните резултатите, по што движењето се подели на две партиски крила.

Претседател на „Беса“ останува Билал Касами.