Крик на германските индустријалци за странски работници

120

Најголемите претставници на бизнис заедницата бараат помалку рестриктивни правила за имиграција како начин да се реши се поголемиот недостиг на квалификувани работници во Германија.

„Имаме големи тешкотии со развојот на компаниите во Германија бидејќи едноставно ни недостасуваат квалификувани работници“, изјави за ДПА претседателот на Сојузот на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) Петер Адријан.

Холгер Шванеке, главен комесар на Германската конфедерација на занаетчии, изјави за ДПА дека моментално има околу 250.000 слободни работни места само во неговиот сектор.

„Итно ни требаат квалификувани работници и мораме да ги регрутираме првенствено преку домашна обука и искористување на сиот домашен потенцијал, но и преку имиграција на квалификувана работна сила“, рече Шванеке.

„Сè уште има многу пречки на патот на имиграцијата на квалификувана работна сила“, вели Адријан.

„Визите траат долго, конзулатите се преоптоварени… и не помага што немаме култура на добредојде за квалификувани работници“, додаде  Шванеке