Free Porn
xbporn
Дома МАКЕДОНИЈА Кривична пријава за објавување списоци со лични податоци на заразени со коронавирус...

Кривична пријава за објавување списоци со лични податоци на заразени со коронавирус на социјалните мрежи

66

Агенцијата за заштита на личните податоци поднесе кривична пријава до државното обвинителство заради неовластено објавување на списоците на кои наводно се наоѓале имиња, датуми на раѓање и адреса на живеење на лица кои најверојатно се од подрачјето на Куманово.

Од Агенцијата велат дека обработката на лични податоци кои се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета освен во законски утврдени ситуации.

-Исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон, НЕ се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување на лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од корона вирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон.

Со свој став излезе и Мрежата за заштита од дискриминација по како што велат објавените написи во минатиот период на слики, имиња и листи на граѓани кај кои дури и само постоело сомневање дека се позитивни на Ковид 19.

-Самите пациенти се изложуваат на јавен линч, се прогласуваат за опасни по јавното здравје, вината за инфицирањето се бара во нив, а тие се обележуваат како неодговорни, несовесни и опасни граѓани. Со обвинувањето на пациентите и јавното линчување на поединци се креира стигма околу корона-вирусот, а самите пациенти се изложуваат на вознемирување како форма на дискриминација, токму поради нивниот здравствен статус.

Кривичната пријава на Агенцијата е против непознат сторител за кривично дело злоупотреба на личните податоци. Според Кривичниот законик за ова дело е предвидена парична или затворска казна.