Кремљ: Средба Путин – Трамп може да се договори пред Самитот Г20

121

Евентуалниот состанок меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во рамки на самитот Г20 во Осака би можеле да го подготват нивните тимови пред самиот настан, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека доколку двајцата претседатели се сретнат „патем“, тогаш не би можеле да разговараат за низа билатерални прашања.

– Организирањето средба може да се случи дури и пред самиот почеток на самитот Г20, нагласи Песков.

Путин и Трамп требаа да се сретнат на маргините на претходниот самит Г20 во Аргентина во декември 2018 година, но претседателот на САД го откажа состанокот еден ден пред договорениот датум.