Кремљ планира да изгради луксузен бункер во Москва: За кого ќе биде наменет?

49
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болница во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење, со филтриран воздух беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва.

Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација.

Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богати.

Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитни“ станбени згради вознемириле некои локални жители.

„Каде бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на социјалната мрежа Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци.