Компанијата Медика, дистрибутер на лекот Soolantra крем (ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Хрватска врши повлекување на серијата 2414239A од тој лек сод хрватскиот пазар, пишува Слободна Далмација.
Повлекувањето се врши до ниво на аптеки, а постапката се спроведува поради дефект на квалитетот кој се однесува на контаминација која не е опасна по здравјето. Понатаму се наведува дека ивермектинот ќе може да се набави на барање на здравствената установа или за нужни случаи на лечење на поединечен рецепт.
Ивермектинот во облик на таблети е одобрен во ЕУ за лечење на некои паразитски
зарази на цревата, додека препаратите на ивермектин за кожа се одобрени за лечење на кожни болести. Ивермектин е исто така одобрен и како ветеринарен лек за примена против паразити кај различни животински видови. Лековите кои содржат ивермектин не се одобрени за примена против Ковид-19, иако луѓето за време на пандемијата ги купуваа од аптеките. Бројни истражувања покажаа дека иверментинот не лечи ковид, ниту пак помага во ублажување на симптомите.