Sandra Perkovic, of Croatia, competes during the final of the women's discus throw at the World Athletics Championships on Wednesday, July 20, 2022, in Eugene, Ore. (AP Photo/Charlie Riedel)

Познатата хрватска спортистка во фрлање диск, Сандра Елкашевиќ, не е баш задоволна од условите на претстојните Олимписки игри, кои ќе се одржат во Париз.

Игрите во Париз ќе бидат отворени на 26 јули и ќе траат до 11 август, а една од најголемите надежи на Хрватска ќе биде фрлачката на диск Сандра Елкашевиќ (родена Перковиќ).

Таа се побуни на својот инстаграм-профил откако ги виде сместувањето во Париз и прилично лошите услови што ќе ги имаат спортистите. Спортистите ќе спијат на картонски кревети, а, според одлуката на организаторите, собите нема да имаат уреди за ладење. Сето тоа ѝ пречи на Сандра, која се огласи на Инстаграм.

– Кревети и столчиња од картон, простории без соодветен систем за ладење? Дали е тоа сонот на секој спортист?! По години тренинзи, откажување и сонување како да станеш олимпиец, како гордо да ги браниш боите на Лијепа Наша, го постигнуваш сето тоа и потоа завршуваш во камена доба? Кратко прашање до организаторите: Дали е потребно да се понесе алат за лов за да се има право на оброк? – напиша трофејната хрватска спортистка на Инстаграм.