Крводарителска акција во Општина Кисела Вода

48

Со поддршка од Општина Кисела Вода, денеска Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина спроведоа крводарителска акција на која се собрани 11 единици крв.

Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и Општина Кисела Вода двапати годишно организираат крводарителски акции.

Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до медицинскиот тим, членовите на Црвениот крст и до крводарителите кои спасија нечии животи.