Крвав инцидент во Урошевац: Маж со нож нападнал и повредил четири случајни минувачи

441

Маж на возраст од 59 години, на неколку улици во косовскиот град Урошевац, во понеделникот околу 16 часот, со нож нападнал четири минувачи.

Повредени се две малолетни девојчиња од кои едното на 10-годишна возраст и две возрасни лица.

Напаѓачот кој нападот го извршил под неразјаснети околности е уапсен, а избодените лица се пренесени во болница, од кои 10-годишното девојче е со тешки повреди, но надвор од животна опасност.

Косовската полиција соопшти дека жртвите биле случајни минувачи, додека Единицата за брз одговор успеала кратко по инцидентот да го пронајде осомничениот Е.С.

-На 11.11.2024 година, околу 15:40 часот, известени сме дека возрасно лице на улиците: „Енвер Топали“, „Халим Спахија“ и „Ејуп Статовци“ во сè уште неразјаснети околности им нанел тешки телесни повреди (убоди со нож) на четворица случајни минувачи, две девојки на возраст под 18 години и двајца мажи (возрасни од 29 и 32 години). Повредените биле испратени во Ургентниот центар во Урошевац за укажување лекарска помош, а потоа на понатамошна лекарска помош 2 лица се испратени во Клиничкиот центар – Приштина, додека други 2 останале на лекување во Урошевац, изјави портпаролот на полицијата, Канун Весели.