Крвав инцидент во Кина: Напаѓач со нож избодел до смрт осум лица

84

Осум лица се избодени до смрт, а едно лице е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија кинеските власти.

Убиствата се случиле во градот Ксиаоган, а напаѓачот е 53-годишен маж кој наводно боледува од ментална болест. Тој моментално е во полиција, а истрагата е во тек. Состојбата на повредениот е стабилна и не е опасна по живот, објави новинската агенција Ксинхуа.

Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.

Иако насилниот криминал е невообичаен во Кина поради строгите закони за контрола на оружјето, неодамна има зголемен број на инциденти со прободување.