КРВАВА ДРАМА ВО ДЕМИР КАПИЈА-ГО УБИЛ СОСЕДОТ ОТИ МУ ТРОПАЛ, ПА ПОТОА САМ СИ ПРЕСУДИЛ!

75

Убиство и самоубиство се случи денеска во зграда во Демир Капија, каде што биле пронајдени телата со прострелни рани на двајца мажи од 72 и 34-годишна возраст.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово, десетина минути пред седум часот.

-Во 6:50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М. (34) и М.К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија  од МВР.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец, по претходна расправија, пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил, а од МВР информираат дека повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање.

-Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, информираат од МВР.

Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката јавност, од ОЈО Кавадарци извршиле увид на местото на настанот, каде што биле прибрани траги и докази кои ќе бидат дадени на вештачење, а  телата на двете починати лица се дадени на обдукција.