Крај на љубовта по 27 години: Хју Џекмен се разведува

1289
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Љубовната приказна на Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора-Ли Фурнес заврши по 27 години брак.

„Ние сме благословени да делиме речиси три децении заедно како маж и жена во прекрасен брак со љубов“, рече поранешната двојка во заедничката изјава за People.

„Нашето патување сега се менува и решивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот личен раст.

Џекмен (54) и Фурнес (67) исто така велат дека нивното семејство било и секогаш ќе биде нивен најголем приоритет. „Го преземаме ова следно поглавје со благодарност, љубов и добрина. Ние многу го цениме вашето разбирање во почитувањето на нашата приватност додека нашето семејство минува низ оваа транзиција во сите наши животи“.

Изјавата потпишана од „Деб и Хју Џекмен“ се заклучува со одлуката, сега веќе на поранешната двојка, дека ова е единствената изјава што ќе ја даде некој од нив на тема крајот на бракот.