Крај на љубовта на најконтроверзната двојка Икарди – Нара: „Фрчат“ тужби за насилство!

87

Дефинитивно пукна љубовта меѓу аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди и инфлуенсерката Ванда Нара, a конечната разделба е готова и на непријателски начин. Сега се појавија информации дека Маурио физички ја нападнал својата сопруга. Иако на социјалните мрежи објавија дека ќе ја задржат врската по раскинувањето поради двете ќерки, вистината е поинаква.

Наводно, Икарди бил насилен кон Ванда, која поради тоа поднела тужба. Икарди се врати во Аргентина од Турција каде заработи тешка повреда на коленото додека настапуваше за Галатасарај и имаше жестока расправија со сопругата.

„Она што ќе го слушнете е сериозно. „Ванда го тужеше Икарди за сериозни работи“, откри локалниот новинар Анхел де Брито, пренесува Sportal.

Набрзо се беше откриено преку адвокатката Ана Розенфелд, застапник на Ванда во две тужби.

„Беше доцна, а децата спиеја. Ванда и Мауро имаа жестока расправија, тој не сакаше да си замине и дојде до жесток инцидент. Тие беа во собата, тој ја спречи да излезе надвор, но таа успеа да побегне и да си замине“, рекла Ана.

Наводно, подоцна Ванда сакала да се врати во својот стан, работите излегле од контрола, па го пријавила за насилство.

Икарди бил брзо информиран за двете правни дејствија и накратко му било кажано дека мора да се воздржи од директно и индиректно вознемирување.

Тој ќе треба да се пријави пред судот во Буенос Аирес.