„Крај на сагата, Грците рекоа „да“: Што напишаа регионалните медиуми за ратификацијата на Преспанскиот договор?!

74

„Грција рече „да“ за Северна Македонија“, „Крај на сагата: Грците рекоа „да“, „Македонија доби ново име: Грците го ратификуваа и завршија повеќедеценискиот спор“, „Два гласа одлучија за новото име на Македонија“, се само дел од насловите во регионалните медиуми, кои со големо внимание ја следеа и следат постапката околу ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Темата за решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, меѓу српските, хрватските, а особено бугарските медиуми е актуелна и денеска. Така медиумите ги пренесуваат изјавите на светските и европските политичари, но дел од нив анализираат и што понатаму.

Дел од бугарските медиуми анализираат „што сè ќе се смени со спроведување на спогодбата за името меѓу Атина и Скопје“, но се осврнуваат и на спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.