Полицијата во канадскиот град Монтреал објави на социјалната мрежа Твитер дека не е пронајдена закана во зградата на компанијата „Убисофт“ и дека е во тек евакуација на работниците.
No threat has been identified for now. We are currently evacuating the building. #SPVM https://t.co/7g7eHU2B1T
— Police Montréal (@SPVM) November 13, 2020
Претходно полицијата соопшти дека одговорила на повикот и дека се блокирани приодите кон зградата во која се наоѓа компанијата „Убисофт“.
Канадските медиуми објавија дека напаѓачите упаднале во зградата и држеле заложници.
Полицијата не можеше да го потврди видот на заканата.
„Во моментов течат проверки“, изјави портпаролката на полицијата, Вероника Комтоа, истакнувајќи дека нема повредени.
Снимките од хеликоптерот и пренесени на локалните медиуми покажуваат дека неколку вработени бегаат кон покривот на зградата каде ја блокирале вратата.
„Убисофт“ во Монтреал има околу 4.000 работници, но повеќето од нив работат од дома поради пандемијата.
Канадската филијала на „Убисофт“ е основана во 1997 година како дел од француска компанија и е позната како креатор на многу популарни игри како што се „Принцот од Персија – Песоците на времето“, сериите „Assassin’s Creed“ и „Far Cry“.