![US_Navy_100528-N-7643B-241_The_guided-missile_frigate_USS_Vandegrift_(FFG_48)_and_the_U.S._Coast_Guard_cutter_Mellon_(WHEC_717)](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2024/07/US_Navy_100528-N-7643B-241_The_guided-missile_frigate_USS_Vandegrift_FFG_48_and_the_U.S._Coast_Guard_cutter_Mellon_WHEC_717.jpg?x54765)
Контраадмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер, еден од луѓето задолжени за мисијата за спасување на исчезнатата подморница „Титан“, изјави дека можеби никогаш нема да бидат пронајдени телата на петте патници на подморницата.
Американската крајбрежна стража синоќа потврди дека загинале сите членови на екипажот на подморницата „Титан“.
„Тоа е неверојатно опкружување кое не простува таму долу на морското дно и остатоците се совпаѓаат со последиците од катастрофалната имплозија. „Ќе продолжиме да бараме, но немам одговор за можностите понатаму“, рече Маугер.
Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли изјави дека владата им дава поддршка на семејствата на британските државјани кои загинаа во таа експедиција, пишува весникот „Телеграф“.
Пакистанското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до семејството на пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, кои се наоѓаа во подморницата.
Подморницата Оушнгејт експедишн (Oceangate Expeditions) исчезна на 18 јуни за време на експедиција до потонатиот брод Титаник во област на околу 1.500 километри источно од Кејп Код во Северниот Атлантик, на длабочина од приближно четири километри. Акцијата за спасување траеше од 19 јуни.
Во исчезнатата подморница беа британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, британскиот бизнисмен и истражувач Хамиш Хардинг, Пол-Анри Нарголет, поранешен нуркач на француската морнарица кој претходно го истражуваше Титаник, како и Стоктон Раш, директорот на компанијата Оушнгејт која ги организира овие нуркања.