Кралскиот персонал „подивел“: Бакингемската палата покрена истрага за 50 вработени – се тепале во бар

33

Бакингемската палата денеска соопшти дека ќе испита неколку членови на нејзиниот персонал вклучени во тепачка во бар за време на божиќната забава.

Тој инцидент беше објавен во британските медиуми, особено во таблоидот Сан (Сан).

Според весникот, околу 50 членови на персоналот од палатата, официјалната резиденција на британските монарси, отишле во барот во вторникот вечерта за да ја продолжат вечерта која претходно започнала со дочек во кралската резиденција.

Поради алкохол веселбата прераснала во „хаос“, пишува таблоидот, а во центарот на „тепачката“ била 24-годишна собарка која била опишана како „излезена од контрола“, бидејќи скршила очила и го нападна персоналот на барот.

Неименуван портпарол на Бакингемската палата изјави за АФП дека се „свесни за инцидент што се случил надвор од работното место“ во кој учествувале „голем број вработени во палатата“.

„Фактите ќе бидат темелно истражени, ќе се примени ригорозен дисциплински процес за членовите на персоналот и ќе бидат преземени соодветни мерки“, додаде портпаролот.

Лондонската полиција потврди дека во вторникот вечерта упаднала во барот и уапсила млада жена, која била ослободена следниот ден.